Пратеникот на ОН, Ла Ру со порака до власта- без поттикнување на омраза
Специјалниот известувач на ОН за слободата на мислење и изразување, Френк Ла Ру, во неговиот извештај за Македонија кој вчера попладне го претставил пред Советот за човекови права на ОН за неговата посета на Македонија во јуни 2013, изстакнува дека загрижен поради влошеноста на просторот за независни медиуми во Македонија и вознемирен поради појавата на говор на омраза.
Ла Ру ја истакнал својата загриженост со влошување на просторот за независни медиуми во земјата и покрај одредениот напредок во правната рамка. Особено е загрижен со наводите за несразмерните ограничувања и судско вознемирување на независни или критични сегменти на медиумите и вознемирен со извештаите за појавата на говор на омраза, епизоди на напади врз ЛГБТ заедницата и наводите дека јавните власти отворено јакнат дискриминаторски стереотипи.
Ла Ру препорача државата внимателно да ги испита сите наводи во врска со произволно спроведување на несразмерни казни против медиумите и ја повика да одржува проактивно водство во борбата против сите форми на дискриминација, внимателно да ги испита сите епизоди на насилство и заплашување против малцинските заедници и политичките власти формално да ги отфрлат сите форми на поттикнување на омраза.
Изјавата на Специјалниот известувач, извештајот (документ на ОН A/HRC/26/30/Add.2) и одговорот на Владата (документ A/HRC/26/30/Add.5 ОН) се во прилог и исто достапни на англиски и другите ОН јазици од веб-страницата и екстранетот на Советот за човекови права на ОН.




