НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“: Рама во Елбасан ги дочека Заев и Вучиќ, Бериша со протест во Тирана

0
By Ivana on December 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После искреното добредојде од колегите од Албанија, ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, во пресрет на утрешниот седми состанок во рамки на иницијативата „Отворен Бакан“.

Во македонската делегација, што ја предводи Заев, се новиот лидер на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски и заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски, како и голем број стопанственици.

– Од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции. Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка, рече Заев.

Македонската и српската делегација, предводени од Заев, односно претседателот Алекандар Вучиќ, вечерва во Елбасан беа пречекани од домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремерот Арбен Ахметај и министри од владата.

Според Ора њуз, на вечерата присуствувал и Александар Сорос, син на милјардерот Џорџ Сорос, кој е голем пријател на Рама. Тој во Елбасан пристигнал со приватен автомобил.

Според официјалната агенда, утре во 9 часот делегациите треба да прстигнат во Палатата на бригадите во Тирана, по што во 9:05 ќе има средба Рама-Заев-Вучиќ. Во 9:30 почнува состанокот на кој прв ќе се обрати домаќинот, Рама, потоа Вучиќ, па Заев како и Комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и директор на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек. По потпишувањето на петте договори за во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

Попладнево во Тирана се одржа најавениот протест против иницијативата „Отворен Балкан“, кој е организиран од страна на албанската опозициска Демократска партија и поранешниот премиер Сали Бериша.

Дводневниот состанок за иницијативата за регионална соработка „Отворен балкан“ во Тирана, а токму тоа е и главната причина за протестот, поради што демонстрантите биле забележани како палат српски знамиња.

Демонстрантите носеле транспаренти со пораки напишани против иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот Вучиќ, Рама и Џорџ Сорос.

Албанскиот премиер Еди Рама го осуди палењето на српските знамиња како и изјавите на Бериша, тврдејќи дека треба да им биде срам на сите кои денеска протестираа на улиците во Тирана.

– Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаат поддршка од Албанците да работат, да се развиваат, да не ги трпат последиците на старата албанска политика, истакна Рама.

https://www.youtube.com/watch?v=JDl1g75cOWY

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.