„Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот.
Во рамки на Самитот во Тирана ќе потпишеме повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан, напиша премиерот Заев на ФБ .