Премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со колегите од „Отворен Балкан“ Александар Вучиќ и Еди Рама и официјално го потврди заминувањето од премирската функција во Северна Македонија и дека овој настан му е последен од оваа позиција . Тој им се заблагодари на Вучиќ и на Рама за заеднички споделената и прифатена иницијатива за „Отворен Балкан “ и за предностите што ги дава истата, како и за поддршката што ја споделувале на сите други полиња.
Благодарност до Заев упати и српскиот претседател Вучиќ , кој рече дека Заев бил еден од политичарите кои неуморно работат, регионот да го претворат во простор за заедничка соработка и пријателство.
Зборови на благодарност за соработката и за споделувањето на заедничката визија за „Отворен Балкан “ до Заев упати и албанскиот премиер Рама.