Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Северна Македонија

0
By Ivana on December 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 20:07

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија.

Во упатената честитка до сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, Џафери им го честита празникот со кој, како што нагласи во обраќањето по овој повод, и институционално, и како граѓани на Република Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Северна Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија.

Во упатената честитка до сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, Џафери им го честита празникот со кој, како што нагласи во обраќањето по овој повод, и институционално, и како граѓани на Република Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Северна Македонија.

– Без разлика колку е тоа парче од мозаикот големо или мало, нека е и најмалото, сепак е значајно колку и најголемото затоа што, доколку не би постоело, сликата не би била комплетна. А Република Северна Македонија е земја богата со мноштво од култури, јазици, религии и сите придружни елементи кои претставуваат идентитет и посебност на секоја заедница поодделно и се нејзин заштитен знак, а практикувањето на истите, уживањето на тие права и слободи во сета нивна убавина во заедништво, е најавтентичниот индикатор на степенот на демократска зрелост на општеството, на високо изградена граѓанска свест и што е најважно, доследно почитување на прифатените и ратификувани универзални права и слободи на човекот на глобално ниво, наведе претседателот на Собранието.

Како претседател на законодавниот дом на Република Северна Македонија, потенцира дека е безрезервно посветен на парламентарната дипломатија, на воспоставувањето парламентарни односи и соработка таму каде што нема, кон заживување таму каде што се веќе воспоставени меѓутоа немаат некој значителен интензитет и кон продлабочување и издигнување на уште повисоко ниво таму каде што тие односи и соработка се на одлично ниво, како што се со огромна сигурност ќе кажам, рече, помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Големото национално собрание на Република Турција.

Соработката, покрај на билатерално ниво, оцени Џафери, се одвива и на мултилатерално ниво, во рамки на меѓународните парламентарни собранија каде што се членки двата законодавни дома и каде што Делегациите на Собранието на Република Северна Македонија редовно ги поддржуваат кандидатурите на турските пратеници за членови на извршните тела на тие собранија. Нашето партнерство, покрај во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, сега е проширено и со нашето членство во НАТО и во ПАБСЕК каде заедно придонесуваме во градење на мир и благосостојба во светот.

Денешното заедничко одбележување е уште една потврда за взаемната желба за интензивирање на соработката и взаемните посети на највисоко државно ниво, убедени, исткна Џафери, дека тие ќе резултираат со позитивни и корисни олеснувања на одвивањето на политичката, економската и секоја друга соработка меѓу нашите две држави.

– Со задоволство ќе констатирам дека за пријателските и роднинските односи помеѓу обичните граѓани на двете земји, не треба ништо да се додаде, односно, врските се толку силни, историски, традиционални и топли, што можат да послужат за пример за сите држави во регионот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој нагласи дека Република Северна Македонија е силно посветена на евроатланската интеграција на земјата во Европската унија, без оглед на бројните препреки што се испречуваат на тој пат.

– Исто така и на промоцијата и споделувањето на заедничките вредности и одговорности на НАТО, и ние високо ја вреднуваме успешната соработка со Република Турција во НАТО, сега веќе како две рамноправни членки. Како сојузници во Алијансата, поврзани сме со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка. А можностите за взаемна поддршка и соработка се бескрајни, кога се работи за традиционално искрени и добри пријателства засновани на вистински вредности и чиј мост на поврзување се граѓаните од двете земји. Таквите релации можат да одат само во нагорна линија, секогаш посилни и се разбира, во полза на граѓаните. Под поимот пријател, мислам на пријател и во добро и во зло. Подадената рака на турскиот народ секогаш ги допира нашите срца. Тоа го прави и во ова тешко време на пандемија кога човештвото е исправено пред глобалниот здравствен и економски ризик, рече Џафери.

Изрази благодарност за присуството на Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп и членовите на Делегацијата, за соработката, поддршктаа и помошта во секој сегмент од нашето опстојување како држава, а изрази и почит кон ТИКА и Фондацијата МААРИФ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.