Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чаусидис: На списокот на АЛФА не постои критериум искуство и социјална положба

0
By Нова ТВ on June 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 14, 2014 14:47

Синдикатот беше исклучен од процесот на консултации и беше само информиран за одлуките од страна менаџментот на ТВ Алфа, вели во изјава за НОВА, претседателот на Независниот новинарски синдикат, Тамара Чаусидис.

„Особено приговаравме и ги сметаме за нелегитимни и тенденциозни критериумите за бодување кои се така дизајнирани за да овозможат субјективно оценување. Процедурата за бодувања и за прогласувања технолошки вишок менаџментот на ТВ АЛФА го најави уште во јануари со ветување дека целата процедура ќе биде спроведена според Закон. Она што по објавувањето на списокот на бодирање особено паѓа во очи и дополнително не загрижува е што меѓу најслабо оценетите новинари се и двајцата синдикални претставници во ТВ АЛФА Љубиша Арсиќ и Јасминка Аневска, кои се заштитени и со Законот за работни односи и со Колективниот договор за приватен сектор и кои всушност се обидуваа во изминативе месеци да ја запрат, односно да и дадат легална насока на целата постапка“, вели Чаусидис.

Таа како пример посочува дека не постои критериум искуство, ниту социјална положба што е правило при ваков тип на бодување. „Затоа уредници и новинари со децениско искуство, самохрани мајки, се најслабо оценети. Од четирите критериуми два беа практично исти и се потпираат на мислењето на непосредниот раководител со што се овозможи субјективно арбитрирање, со други зборови на непосредниот раководител му се даде можност практично да решава кој сака да го отпушти“, објаснува за НОВА, синдикалниот лидер на новинарите Тамара Чаусидис.

Синдикалниот лидер на новинарите на ТВ Алфа Љубиша Арсиќ, за НОВА објасни дека во евиденцијата за 2013 се наведени имиња на новинари кои воопшто таа годна не работеле во телевизијата. Потоа, тој го посочува проблемот со примена на четвртиот кртериум каде, на пример новинари од ист ресор се бодуваат со десет поени разлика.

ССНМ веќе во понеделник ќе се обиде да стапи во контакт со менаџментот на ТВ Алфа за да се види колку и како ќе бидат земени предвид барањата на ССНМ за да се изјаде најдобро решение за вработените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.