Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕ за трговијата со луѓе- властите во државата да ја зајакнат превенцијата

0
By Нова ТВ on June 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 17, 2014 12:17

Македонските власти презедоа извесен број на значајни мерки за спречувањето и борбата против трговијата со луѓе, но остануваат уште многу предизвици.

Ова стои во извештајот на ГРЕТА – групата на експерти на Советот на Европа (СЕ) за борба против трговијата со луѓе кој беше објавен денеска.

Во извештајот на ГРЕТА, пренесува МИА, се истакнати позитивните случувања како што се воспоставувањето на структурите за координација и специјализирани единици за борба против трговијата со луѓе, усвојување и редовно ажурирање на релевантното законодавство и националните стратегии, како и воведување на Националниот механизам за упатување. Извештајот ги нагласува и напорите за подобрување на превенцијата од трговија со луѓе преку подигање на свеста, образованието во училиштата и обука на професионалците.

Потребни се дополнителни мерки, се потенцира во извештајот, за да се осигура дека сите жртви на трговија се правилно идентификувани. Се препорачува тоа да се постигне со зајакнување на мултидисциплинарното учество во идентификувањето на трговијата со луѓе и поголемо внимание на идентификација на жртвите на трговијата со луѓе меѓу илегалните мигранти, баратели на азил и малолетни лица без придружба.

ГРЕТА ги повикува властите на државата да ја зајакнат превенцијата преку социјални и економски мерки за да ги поттикне припадниците на ранливите групи на трговијата со луѓе и да се се обезбеди запишување на сите поединци во регистрите на матичните служби.

ГРЕТА, исто така, ги повикува македонските власти да се осигураат дека сите мерки за помош што се предвидени со закон се гарантирани во праксата и дека жртвите на трговијата со луѓе можат да добијат надомест, вклучувајќи и воспоставување на јавен фонд за надомест достапен на жртвите на трговијата со луѓе.

Овој извештај е прва проценка од страна на ГРЕТА за начинот на кој во земјава се спроведува Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.