Во последните 24 часа, направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 257 оздравени пациенти.
Бројот на активни случаи изнесува 4.691.