УЈП ќе започне со присилна наплата на долговите за радиодифузна такса, доколку граѓаните и фирмите не го платат долгот во рок од една недела по приемот на опомената.
Управата за јавни приходи отпочна со подготовка и дистрибуција на опомени до сите кои не извршиле навремено плаќање, соопштуваат од таму.
Доставени се опомени за 31.660 фирми, правни лица и вршители на дејност, поради заостанати долгови и неплатена такса во вкупен износ од 37 милиони и 302 илјади денари.
Од понеделник ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.
Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот, предупредуваат од УЈП.




