Новиот шпански крал Фелипе Шести положи заклетва пред Парламентот, изјавувајќи дека ќе ги почитува Уставот и законите на Шпанија, како и правата на граѓаните и автономните области.
Четириесет и шест годишниот Фелипе стапи на шпанскиот престол ноќеска на полноќ, откако кралот Хуан Карлос го потпиша законот со кој тој и формално абдицираше по 39 години на престолот, предавајќи му ја круната на својот син.
Неколку минути пред положувањето на заклетвата на новиот монарх, Хуан Карлос му го предаде црвениот појас, симбол на улогата на кралот како главен командант на вооружените сили на Шпанија.
Сепак според аналитичарите Фелипе седнува на кралскиот трон во време кога замјата се наоѓа среде длабока институционална криза. Негова прва задача ќе биде да постигне консензус во земјата и да и ја врати разнишаната доверба на монархијата.