НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

0
By НОВА ТВ Balaban on January 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Никаде во институциите во државата не е видливо Брајовото  писмо, што е надвор од Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија, соопшти коалицијата „Менуваме“
По повод Меѓународниот ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид, Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека илјадници лица во земјава не го знаат Брајовото писмо и дека тоа е, како што велат, невидливо во институциите на државата, како и во образовниот систем, освен во училиштето за слепи „Димитар Влахов“ во Скопје.
– Никаде во институциите во државата не е видливо Брајовото  писмо, што е надвор од Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија. Коалицијата „Менуваме“ веќе изнајде начин како ова право на лицата со попречен вид да им стане достапно согласно Агенда 2030. „Не оставај никој зад себе  – види ме“ е еден од водечките принципи на Агендата 2030 и на целите за одржлив развој. Во нашиот нов регионален проект ќе работиме на поттикнување на регионалното учење и размена на искуствата од достигнувањата од Агендата, соопшти коалицијата „Менуваме“.
Принципот „Не оставај никој зад себе – види ме“, посочува коалицијата, ќе им помага на надлежните во земјава и во регионот  во дизајнирање и водење социјален дијалог за целите за одржлив развој.
– Иницијативата вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попречен вид и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, на локално и на национално ниво, се наведува во соопштението на „Менуваме“.
Меѓународниот ден на образование на слепите се одбележува на 4 јануари кога е роден францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измислил системот на испакнати точки, чии комбинации им овозможуваат на слепите да  читаат.
Образованието на слепите и лицата со оштетен вид почнало да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, а било комплетирано со пронајдокот на Луј Брај. Тој во 1825 година ја измислил релјефната шестоточка, која била основа за креација на релјефното писмо на слепите. Оттогаш низ светот се отвораат голем број  училишта за слепи лица.
Брајово писмо и образование лицата со оштетен вид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.