На 06.01.2022 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Тополница, општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од с.Тополница. Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на с.Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М“, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата.
А вчера друг ловџија застрелал куче со ловечка пушка „баикал 12 Н-43“. Во 16.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, А.А. од Македонска Каменица пријавил дека околу 16.30 часот во атар на с.Цера, С.Н.(45) од Македонска Каменица со ловечка пушка застрелал едно куче на неговото семејство. Извршен бил увид на местото на настанот, а полициски службеници од С.Н. одзеле ловечка пушка „баикал 12 Н-43“ и дозвола за оружје. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.