Нема дискриминација во случајот со актерката Емра Куртишова, тврди министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, јавува ТВ Телма. Според неа, граничните служби на скопскиот аеродром не и дозволиле на Куртишова да отпатува за Германија, бидејќи таа не ги исполнувала во целост условите предвидени во шенгенскиот код.
– Едноставно полицискиот службеник е задолжен во секој конкретен случај прво да провери дали лицето кое патува ја поседува потребната сума пари, која во конкретниот случај за Германија изнесува 43 евра по ден. Значи ако лицето има повратна карта за два месеца мора да обезбеди по 43 евра за сите 60 дена, изјави Јанкуловска за Телма.
Актерката Емра Куртишова неделава беше спречена да отпатува кај сестра и во Германија. Причините за тоа зошто е вратена од аеродром и нејзината реакција околу тоа, Куртишова ги сподели со јавноста и преку интервју за НОВА.




