Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оливер Шварц: Парламент без опозиција е губитна ситуација за сите

0
By Нова ТВ on June 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2014 11:24

-Понудите за разговор кои беа упатени од власта до опозицијата во Македонија, убеден сум дека ќе придонесат опозицијата многу скоро да се врати во Собранието. Треба да има опозициска, а не опструкциска политика. Затоа и е јасно дека кога опозицијата е надвор од парламентот, тоа е губитна ситуација за сите политички партии, кои се дел од законодавниот дом. Мислам дека опозициските лидери ова веќе го сфаќаат и за кус период ќе има јасни сигнали за нивно враќање во Собранието, изјави за Дојче веле д-р Оливер Шварц, познавач на Македонија и Западен Балкан, на катедрата за европска политика на Универзитетот Дуизбург – Есен.

„Ваква ситуација не може да има долг век, што значи дека во вакви услови не ќе може да опстои ниту самата влада. Тоа би бил сигнал и за народот кој и ја дал довербата, но и за дадениот мандат на опозицијата. Значи и опозицијата има одговорност да го преземе овој мандат, а со тоа треба одговорно и да се однесува во различните политички институции. Она на што бевме сведоци беа сигналите од владата до опозицијата, кои сигурно беа резултат на задкулисно водени неформални разговори. Сметам дека она што на Македонија сега и е потребно не е неформалниот политички дијалог меѓу опозицијата и Владата, туку отворениот политички разговор во формалниот форум – Парламентот. Тоа едновремено ќе биде сигнал и до Европската унија и до НАТО, но и до граѓаните“, коментира Оливер Шварц.

Шварц истакнува дека е значајно состојбата во Македонија да се консолидира, зашто моментов се наѕира можноста на ниво на ЕУ политиката на проширувањето и на соседството да добијат нова динамика. „Факт е дека со конфликтот во Украина, проширувањето повотрно се враќа на агендата на Европската унија. Со сигурност, за неколку дена Албанија ќе го добие кандидатскиот статус, а по конституирањето на Комисијата, проширувањето без сомнение ќе се најде високо на работната агенда на бриселската европска администрација. Ова е исклучително важно за Македонија, зашто толку долго чека и секому е јасно дека мора да дојде до некакво решени“, објаснува Шварц кој верува дека за половина година сликата околу напредокот ќе биде појасна.

Сепaк, тој не верува дека во овој кус период нешто спектакуларно ќе се случи.

„Тоа е прекраток рок. Битно е меѓутоа уште од сега да има сигнали, како од страна на Комисијата, така и од важните држави во ЕУ (како Велика Британија, Германија) дека проширувањето е приоритет на Унијата и дека тие не ја заборавиле Макеоднија“, вели Шварц.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.