НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Про и контра: Дали преговорите Груевски- Заев носат крај за политичката криза

0
By Биљана Секуловска on June 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрешната средба како прва од серијалот преговори, на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги поделува очекувањата на дел од експертите и коaлиционите партнери на власта и опозицијата.

За НОВА анализираат Павле Трајанов, Тито Петковски, Мерсел Биљали и Петар Арсовски.


Павле Трајанов

Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз ги поздравува преговорите меѓу Заев и Груевски и има неколку конкретни решенија за надминување на политичката криза.

-Добро е што има таква иницијатива да се организираат средби меѓу лидерот на власта и опозицијата и да почнат разговори, затоа што е апсурдна оваа ситуација.

Добро е што Заев прифати да започне дијалог околу можноста на кој начин да се врати опозицијата во Собранието.

Предвидувам дека ќе траат долго и ќе бида тешки овие договори, но ако има конечен договор, би бил донесен од септември или после 20 август, после летната сесија на Парламентот.

Очекувам да имаат позитивен резултат овие преговори, иако сега медиумски се заострени односите претседател на Влада и претседателот на СДСМ, но сметам дека причина е за да изгради подобра преговарачка позиција. Сегашните односи нема да имаат влијаение на текот на разговорите, но за јавноста ќе имаат влијание- кој какви барања, отстапки прави.

Засега ги знаеме барањата на опозицијата но не и власта- што ќе прифати и предложи не се знае. Во интерес на државата е да се постигне решение, преку политички дијалог да се дојде до решенија најдобри за Македонија.

Барањата на опозицијата се екстремни. Треба да се подготвуваме за нови избори, а сега ние расправаме дали се признаваат или не, а се што ќе се направи во одобрување на процесот и но не е добро да има нови избори.

Никој не сака да оди на избори, ако спроведете анкета, тоа би бил исходот.

Што се однесува до барањата на опозцијата, Трајанов има конкретни предлози, во кои опозицијата и медиумите би имале значаен придонес:

Да сум јас во преговорите, би го прифатил барањето околу прочистување на списокот, и тоа би го дал на опозицијата- ако имаат методологија нека работат на тоа.

Тоа е едно од барањата за кои опозицијата вели дека власта намерно не го прочистува списокот, и затоа би би било фер да тие да раководат со овој проблем и да донесат решение.

Што се однесува до промени во медиумскиот простор- и денеска кажав во Собранието дека предлагам да се формира фонд во кој наместо Американците или Холанѓаните да ги финансираат медиумите, да се направи државен фонд за формирање на нови и независни медиуми преку буџетот и доколку сакаат и сите странци можат да бидат донатори.

Нека управуваат со овој фонд новинарите и тие да ги прераспределуваат парите, зависно од гледаноста и влијанието на медиумите, предлага Трајанов.


Тито Петковски

Наспроти Трајанов, лидерот на НСДП, Тито Петковски, отфрла било каков напредок после оваа средба на Груевски и Заев:

-Познавајќи го Груевски добро, не верувам дека ќе отстапи од политиката, немаше да ги фалсификува изборите пред се.

Видете како бескруполозно настапи на 24 декември кога насилно ги отстрани пратениците и новинарите, па како ја изигрува постојано меѓународната заедница со сите договори, дури го нарече тоалет хартија договорот за 24 декември.

Тој е неодговорен почитичар и очекувам и дека таа ќе реагира- крајно неодговорно.

Нашите ставови како опозиција се познати- а тој не сака попис да спроведе, како вели, не им било во програмата на владата, и Груевски веќе зазема гард- денеска изјави дека техничка влада не решава ништо. Тој ги користи договорите со опозицијата за манипулација- на меѓународната, на граѓаните, вели Петковски.


Мерсел Биљали

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали исто така ја акцентира важноста на иднината на медиумите и смета дека треба да биде прва точка на дневниот ред на двајцата лидери.

-На првата средба Груевски- Заев треба да се фокусираат на две работи: Најпрво, медиумите и меѓународна контрола секоја недела да дава извештај како известуваат медиумите. Исто така, неопходна е контрола и да се регулира начинот како се финансираат медиумите- стручно, прецизно да се анализира сегашната состојба и да се понудат соодветни решенија

Вториот приоритет сметам дека е формирање на нова влада, но погрешен е предлогот да се избере техничка влада, туку сметам дека е неоходна експертска влада, која најмалку една година би имала мандат.

Она што е неопходно е да се има меѓународна гаранција дека ќе се спроведуваа овој договор, за да не се претвори во тоалет хартија како претходниот, кога беше на тој начин дефиниран од Илија Димовски, кога се потпишаа заклучоците за инцидентот во Собранието, на 24 декември.

Доколку Груевски не ги прифати конкретните предлози на Заев тоа негов проблем, СДСМ треба цврсто да застане зад барањата и да го надгледува спроведувањето, вели Биљали.


Петар Арсовски

Експертот за односи за јавност и политички аналитичар Петар Арсовски е песимист за исходот од овие преговори, заради самата природа и проблематичност на опозициските барања:

-Добро е што ќе се сретнат Груевски и Заев, претходното кафе заврши со пелин. Немам високи очекувања и не гледам зошто овој обид за политички дијалог би бил различен од сите претходни кои завршија како тоалетна хартија дури и со посредство на меѓународната заедница.

Немам воопшто големи очекувања и дури не мислам и дека ќе се продлабочи кризата.

Не мислам дека потегот на СДСМ да излезе од Собранието ќе вроди со плод- безначајно е дали ќе се вратат, нивниот потег нема да произведе политика криза, нема да ја исфорсира власта да ги прифати барањата.

Преговорите ќе завршат со минимален напор на Груевски, а интенцијата е да му се симне од врат меѓународната заедница.

Не можат да ја продадат тезата дека биле фалсификувани изборите, дури и да беа фер немаа да добијат, според огромната разлика, така народот верува- дека ќе изгубеа и на фер зошто разликата е голема и ова не може да биде аргумент и оттука клучен мотив за отпочнување преговори, дури ни за меѓународната заедница.

Таа освен да констатира дека се неопходни промени не може ништо посуштинско да преземе, додека Груевски може овој договор да го прогласи за тоалет хартија.

Има дискутабилни прашања како барањето за техничка влада, што меѓународната тешко би го прифатила- реално е 6 месеци пред избори да се инсистира на таква влада, но претходно е нецелисходно, смета Арсовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.