Четири контењери полни со ѓубре синоќа биле запалени во централното градско подрачје на Тетово, со што и онака загадениот амбиентален воздух дополнително се загадил.
Тетовскиот градоначалник Билал Касами на социјалните мрежи напиша: „Страшен чин на палење ѓубре, јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, напиша Касами на ФБ , објавувајќи видео од страшната гледка.