Published: Wednesday, June 25, 2014 13:11
На 1 јануари следната година ќе започне пререгистрацијата на земјоделците во земјата.
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на шестата седница ги изгласа измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување.
Измените се поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов, со кои се предвидува одлагањето.
Одложувањето на почетокот на пререгистрацијата на земјоделците од 1 јуни 2014 за 1 јануари 2015 година е поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи.




