Во Македонија пристигна извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица. Извештајот се чекаше повеќе од 4 месеци.
Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош. Сега се чека добиениот документ да се преведе, па потоа да може да се анализира и да се донесе одлука. За сега нема отворено истрага против никого, туку се води предистражна постапка.
Извештајот се наоѓа кај тетовските обвинители кои се уште водат предистражна постапка за несреќниот случај.