НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Граѓаните во двете земји треба да знаат за што се разговара, финалното решение да се дебатира и во Собранието

0
By Ivana on January 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финалното решение со Бугарија треба да биде претставено пред пратениците. Мора да влезе во Законодавниот дом, за него да се дебатира и да се гласа со мнозинство, но не двотретинско зашто тоа е многу тешко да се добие, смета претседателот Стево Пендаровски.

Граѓаните од двете страни, и од македонска и од бугарска, оценува претседателот, мора да знаат за што се преговара.

Според шефот на државата, никако не може да се „протне“ решение кое би било недостоинствено.

-Не, нема шанси тоа да се случи. Не може да се протне такво решение. Прво јас ќе излезам на прес-конференција и ќе кажам „народе, јас ова не го прифаќам“. И не мислам дека било кој договор треба да се крие од македонската или бугарската јавност. На сила таа работа не оди, треба да им се каже на граѓаните – „за ова разговараме и со ова не се рушат националните позиции“, рече шефот на државата во „24 анализа“.

Пендаровски е дециден: „Ако сакаме да потпишеме договор што ќе трае, што ќе биде прифатен од мнозинството граѓани, мораме пред да го потпишеме да им го кажеме и да добиеме од нив позитивен фидбек“.

-Мора македонската јавност да види за што станува збор, пред да влезе во сила тој документ, потенцира Пендаровски.

Во однос на тоа што го соопшти поранешниот вицепремиер Никола Димитров, претседателот потврди дека по секоја координација во Владата, оформениот документ најпрво доаѓа кај него, а државниот одговор бил заеднички во однос на 5+1 планот.

-Претпоставувам дека Димитров е во право и дека имало различни ставови за сензитивни прашања. Но, откако ќе завршеа со консулатациите во Владата и кога ќе оформеа документ, јас го добивав. Ме прашуваа и јас што мислам. Нашиот договор, државен, не само владин, беше идентичен на португалскиот предлог, државниот одговор беше заеднички и во однос на 5+1 планот. А што се случувало во координациите, пред тоа, не знам, рече Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.