НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Кардиологија се откачил лифт, во него имало болничар

0
By Менче Атанасова Точи on June 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се откачил лифт на Клиниката за кардиологија додека во него се возел болничар, дознава НОВА од вработени на клиниката. Инцидентот се случил пред една недела, а во тоа време во лифтот, со кои се носат пациенти на интервенции бил само болничарот.

Вработениот од првиот спрат паднал во подрумот, по што веднаш му била укажана лекарска помош , а бил сниман и на компјутерска томографија. Вработени на клиниката велат дека цела среќа што во моментот во лифтот немало пациент за коронарографија која се работи во подрумските простории.

НОВА го пронајде болничарот кој бил во лифтот за време на инцидентот. Во првичниот разговор тој ја потврди информацијата и замоли да се јавиме подоцна бидејќи во моментот го прегледувал лекар. Но, кога повторно го побараме, демантираше дека воопшто бил во лифтот, инсистираше да му кажеме кој ни ја дал информацијата и како сме дошле до телефонски број за кој самиот рече дека е службен. Неговото однесување беше грубо, со висок тон и навредливо.

На Клиниката за кардиологија за НОВА потврдија дека на 19 јуни транспортниот лифт се спуштил 40 до 50 сантиметри под нивото на подрумот, но велат тоа не било откачување, ниту паѓање.

-Веднаш е направен увид од фирмата која ги одржува лифтовите. Констатирано е дека се скинала врвка на вратата од лифтот, по што лифтот се спуштил 40 до 50 сантиметри под нивото.Вработениот веднаш е однесен на лекарски преглед, но не се констатирани повреди. Денеска е направена уште една проверка од друга фирма и се е во ред, нема никакви проблеми со лифтот, изјави за НОВА доктор Лидија Поповска портпарол на Клиниката.

Поповска вели дека не се точни информациите дека во моментот работи само еден лифт, и дека пациентите се качуваат пешки.

-Проблеми нема, сите лифтови работат. Тие се во употреба од 23. 11.2013 година и се сервисираат и проверуваат секој месец, изјави Поповска.

Сепак, вработени велат дека во изминатите 3-4 месеци имало проблеми со лифтовите, при што тие често се расипувале. НОВА консултираше и стручни луѓе кои работат на поправка на лифтови и тие објаснија дека вакви ситуации најчесто настануваат поради преоптовареност или дотрајаност, при што лифтот ја промашува станицата, односно спратот и се спушта под нивото, во просторот кој служи за поправка на дефекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.