НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ лидерите му будат надеж на Камерон по неговиот пораз на гласање за Јункер

0
By Нова ТВ on June 28, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Шведска и Германија му понудија охрабрување на Дејвид Камерон по поразот во гласањето за нов претседател на Европската комисија.

Велика Британија присилуваше на гласање да го блокира изборот на Жан-Клод Јункер, кој се гледа како на поддржувач на поблизок политички сојуз, но членките на ЕУ гласаа 26-2 во негова корист.

Шведска го поддржа Јункер, но по гласањето премиерот Фредрик Рајнфелд изјави дека е свесен дека приближена унија не е “за сите”.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е “подготвена да се обрати кон британската загриженост”.

Лабуристите изјавија дека резултатот на гласањето во петокот беше “понижувачки” за премиерот на Велика Британија , но Камерон рече дека тоа не е “негова последно стојалиште”.

Тој рече дека нема “да се повлече” во неговата борба за реформа на ЕУ и да ги преземе надлежностите од Брисел, нешто што тој планира да се направи пред одржувањето на референдум за членството на Велика Британија во ЕУ по следните општи избори.

Но, зборувајќи за гласовите, тој рече:

“Ова е лош ден за Европа. Ризикува да ја поткопа позицијата на националните влади, ризикува поткопување на моќта на националните парламенти и носи нова сила во Европскиот парламент.”

Г-дин Рајнфелд посочи на документ издаден од страна на лидерите на ЕУ по гласањето кое прифати дека идејата за постојано поблиска унија не треба да се применува за сите земји-членки.

“Само погледнете во она што го имаат напишано во нашите заклучоци”, рече тој.

“Ќе најдете референци со текст, што мислам дека е многу важно за Дејвид Камерон, велејќи дека оваа перцепција за постојано поблиска унија можеби не е најдобра за сите.”

Тој рече дека таа точка “никогаш не е наведена” од страна на ЕУ претходно.

Германија, исто така го поддржа именувањето на Јункер, но по гласањето Меркел рече дека ќе има преглед на тоа како беше номиниран претседателот и рече дека таа ги дели идеите на Велика Британија за тоа што треба да биде ЕУ .

Јункер беше најпосакуван кандидат на Европската народна партија (ЕПП), најголемата група во Европскиот парламент, а неговото именување сега мора да биде одобрено од страна на Парламентот.

Назначувањето на претседателот на Европската комисија претходно е направено со консензус, но Камерон се спротивстави на изборот и неговото барање за гласање беше доделено.

Тој се обиде да ги убеди другите земји да се спротивстават на Јункер, поранешниот лидер на Луксембург, но на крајот само Велика Британија и Унгарија го сторија тоа.

Лидерот на Лабуристите Ед Милибанд, изјави дека застапувањето на Камерон стана “токсично” и настаните во петокот покажа дека премиерот не може “да ги претставува нашите интереси во Европа”.

Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија Сер Малком Рифкинд изјави дека земјите на ЕУ не би сакале Британија да ги напушти, па “основа на успешни повторни преговори” ќе биде Камерон да стави “предлози кои може да се признаат за Велика Британија, без да прават фундаментални оштетувања на другите земји членки на ЕУ “.

Но, евроскептичниот Конзервативен пратеник Петар Бон, вели Дејвид Камерон “немаше шанси” за успешни повторни преговори и предвиде дека премиерот ќе ја води кампањата за Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Ториевскиот европратеник Даниел Ханеј, исто така евроскептичен, рече деа тој можеби ќе поддржи Британија да има “швајцарски-тип на договор, каде што ние сме само во слободниот пазар и сме надвор од сè друго”.

Лорд Ханеј – кој бил вмешан во дискусиите, кои доведеа до британскиот влез во ЕУ пред повеќе од 40 години – рече дека Јункер може да биде “многу ефикасен” во својата нова улога.

Тој рече дека Јункер беше искористен за да работат во коалиции во Луксембург и дека е “добар за општо добро”.

“И тоа, се надевам, ќе значи заедничко добро, кое ја вклучува Британија во Европа”, рече тој.

Извор: Би-Би-Си

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.