,,Револтирани од недоличниот и негаторскиот однос на актуелната власт”, Сојузот на борците на Македонија оддржаа прес конференција означувајќи го 70-годишниот Јубилеј на Славниот Февруарски поход во 1944.
Тие упатија повик до сите граѓани кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната Народноослободителна и антифашистичка војна во Македонија, до Невладините организации, и политичките, да присуствуваат на 16 Февруари (Сабота) на плоштадот Македонија во Скопје, во 11 часот.
За притисокот со кои се соочуваат, за НОВА се обрати Претседателот на Градскиот Одбор на Сојузот на Борци на Скопје, Трајко Стаматовски.