Вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на
локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно
возило „опел вектра“, кое нерегистрирано и без
дозвола го управувал 44-годишниот Х.Ј. од ова село
удрило во пешаците Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови
соселани.
Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со
тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во
тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за
укажување на лекарска помош. На местото на
несреќата увид извршила екипа од Секторот за
внатрешни работи Тетово.