Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот. Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот, објави Дојче Веле.
„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а „криминалците Зоран и Вице Заеви“ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла, вели Русковска за Дојче Веле.
Jавниот обвинител Љубомир Јовески денеска се пожали дека добил закани по животот преку препорачано писмо.