Поскапела храната, а севкупно, трошоците за живот на македонскиот граѓанин се зголемени, пресметал Заводот за статистика. Граѓаните велат дека и без пресметки, тие самите секојдневно ја чувствуваат скапотијата на своја кожа.
Трошоците за живот пораснале за речиси 4 проценти споредено со минатата година. Според последното соопштение на Државниот завод за статистика, растот на трошоците во Јануари годинава е за 3, 8 проценти повисок од истиот месец во 2012, а индексот на цените на мало се зголемил за 2, 4 проценти.
Еве дел до прехрабмените артикли кај кои зголемувањето на цените е највисоко
ЈАЈЦА 4, 6 проценти
БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ 4,3 проценти
РИБА 3, 6 проценти
ЗЕЛЕНЧУК 2,7 проценти
ТЕСТЕНИНИ 2,5 проценти
АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ 1,5 проценти
ЦЕНИ ВО РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА 2,0 проценти
ЛЕКОВИ 1,1 процент
Ако храната, лековите и другите слични продукти кои се неопходни за животот поскапуваат, во други категории е забележано намалување. Па така, авионскиот превоз поефтинел за речиси 5 проценти, течните горива и гасот за домаќинства за околу 3 проценти, а обувките за 0,3 проценти.
Нова ги праша граѓаните дали ги чувствуваат поскапувањата.
“Еве гледам и сама, прашакот за перење што го купувам е 30 денари поскап сега. Млекото неколку денари”, вели жителка на Скопје
“Кој има 1000 евра плата можеби и ништо не чувстува, но кој нема, си знае.”
“Тешко е да прехраниш ако немаш работа. Со 8600 пензија дали сметки да плаќам дали да јадам.”
“Јас ја поддржувам владава, ама треба малку да обрнат внимание на обичните луѓе, на сиромашните. Не можеме да преживееме веќе.”
Во видеото слушнете опширно како опстанува обичниот Македонец и како се справуваат со скапотијата.