НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шуто Оризари доби гинеколог, но само еднаш неделно

0
By Менче Атанасова Точи on July 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Од денес започна со работа гинеколошката ординација во Здравствена станица Шуто Оризари-Скопје. Гинеколог во оваа населба ќе доаѓа само еднаш неделно, во среда и тоа во периодот од 9 до 14 часот. Од Министерството за здравство најавија дека од септември гинеколог ќе се обезбеди два пати неделно, во истото работно време.

-Согласно Програмските превентивни активности на Министерството за здравство, Здравствен Дом-Скопје и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, склучија договор за меѓусебна соработка за обезбедување здравствена заштита на жените на ниво на примарно ниво. Во рамки на Договорот за соработка обезбеден е тим од специјалист гинеколог и медицинска сестра од страна на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, кои ја користат опремата и постојниот простор во Здравствена станица Шуто Оризари, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Жените во Шуто Оризари не се задоволни од понуденото решение на Министертсвото за здравство. Велат дека гинеколог мора има секој ден, а не само еднаш во неделата.

-Не сум задоволна, би требало да има лекар секој ден и тоа да биде женско не машко, ние сме муслимани. Јас мојата снаа нема да ја пуштам да оди на маж гинеколог, а има многу семејства кои размислуваат исто, рече Асима Хасан жителка на населбата Шуто Оризари.

-Треба да има секој ден гинеколог, јас еве принудена сум да одам во населбата Железара. За да стигнам до таму плаќам по 250 денари за такси, изјави Алабина Амет.

И во невладината организација ХЕРА, велат дека ова не е трајно решение и не може да ги задоволи потребите на над 13 000 жени во Шуто Оризари.

-Ова не е трајно решение, со гинеколог кој ќе доаѓа еднаш неделно од 9 до 14 часот не може да се задоволат потребите. Единствено решение е да има лекакр секој ден и тој да биде матичен, за да може да издава упати и да ја следи бременоста континуирано, изјави за НОВА, Елизабета Божиновска, програмски координатор во ХЕРА.

Во изминатите неколку недели жените Ромки од Шуто Оризари масовно се потпишуваа на петицијата со која се бара во оваа населба конечно да проработи гинеколошката амбуланта. Жените Ромки, подржани од невладиниот сектор постојано апелираат во поликлиниката конечно да проработи гинеколошка амбуланта. НОВА континуирано го следи овој проблем и постојано известува за проблемите со кои се соочуваат.
.
Шуто Оризари е најголема општина државата, со над 22 000 жители. Се проценува дека во населбата живеат повеќе од 13 000 жени во репродуктивен период , од кои најголемиот дел примаат социјална помош, живеат во суспстандардни услови и не се здравствено осигурани. Жените се оставени без гинеколог од 2007 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.