НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Македонија заслужи датум за преговори во декември

0
By Нова ТВ on February 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со пратеници од Европскиот парламент, припадници на групата на Европската народна партија, Јержи Бузек од Република Полска, Туне Келам од Република Естонија, Мирослав Миколашик од Словачка Република и Ласло Токес од Романија. Иванов оствари средба и со членовите на Работната група 3 на Европската народна партија, предводена од Корин Вортман-Коол, потпретседател на ЕНП и европратеник од Холандија.

На средбите со европратениците и со членовите на Работната група 3, како што соопшти Кабинетот на претседателот, биле разменети мислење и информации околу интеграцискиот процес на Република Македонија, напредокот во клучните реформски области, како и европската перспектива на земјата во пресрет на пролетниот извештај на Европската комисија и Европскиот совет во јуни.

Претседателот Иванов, на двете средби, изразил задоволство од континуираната поддршка од Европскиот парламент на европската интеграција на Република Македонија и го поздравил ангажманот на Европската народна партија на овој план.

– Заедничка констатација на европратениците е дека Република Македонија постигна напредок во процесот на евроинтеграциите, за што ужива целосна поддршка од Европскиот парламент да ги почне преговорите за пристапување во Европската унија, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

На средбите биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во државата, бојкотот на опозицијата и можностите за надминување на ситуацијата.

Европратениците ги поздравиле заложбите и иницијативата на претседателот Иванов за изнаоѓање решение за политичката ситуација и потенцираа дека од суштинско значење за натамошниот интеграциски процес на Република Македонија е демонстрирање внатрешно единство, функционирање на институциите во полн капацитет и надминувањето на политичката состојба.

Претседателот Иванов нагласил дека Република Македонија веќе четири години чека почеток на пристапните преговори, нешто што одамна го заслужи.

– Доколку Република Македонија го добиеше датумот на декемврискиот совет, денес веројатно немаше да се соочуваме со ваква политичка состојба, истакна Претседателот, дополнувајќи дека за Република Македонија и нејзините граѓани очигледно не се применливи позитивните примери на паралелно движење во интеграциите и надминување на билатералните прашања, посочил македонскиот претседател.

Иванов ги запознал европратениците со актуелностите во процесот за надминување на разликата околу името кој се води во Обединетите нации, како и за посветеноста на Република Македонија во градењето на добрососедските односи и посветеноста на регионалната соработка.

Во тој контекст, претседателот Иванов ги информирал европратенците со целите на македонското претседавање со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, посочувајќи дека оваа регионална иницијатива е можност за реафирмирање на посветеноста на земјите од регионот за имплементирање на европските стандарди и реформи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.