Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекции од Големата војна: Неуспехот на лидерството

0
By Нова ТВ on July 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 2, 2014 16:37

Пишува: Ерван Фуере, поранешен амбасадор на Европската унија во Македонија

На високите ридови над убавиот македонски град Валандово, околу 100 км северозападно од Солун, се наоѓа еден едноставен келтски крст во чест на 386 ирски војници, дел од Десеттата ирска дивизија што се борела и загинале на Солунскиот фронт, далеку од својот дом, во 1915-та година.

Тоа е еден од илјадниците споменици и крстови поставени на долините и планините на балканските земји што ги отсликуваат жестоките битки за време на најлошиот конфликт што го доживеал светот, и се до Соми и Јепрес. Тие се тивок, но моќен потсетник на милионите луѓе кои се бореле и загинале во „Големата војна“, која се уште предизвикува жестока дебата. Со одминувањето на 100 годишнината од кобниот истрел на улиците на Сараево, духовите од минатото се присутни и денес. Конференцијата на историчари кои беа собрани во Сараево со цел да ја одбележат 100 годишнината заврши со недоразбирање, а дискусијата се одвиваше на крајно пристрасен и политички емотивен начин што преовладува во мултиетничките општества на балканскиот регион. Дури и формалната церемонија по повод одбележувањето на стогодишнината во Сараево не успеа да ги премости различните етнички гледишта за убиството на надвојводата Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија, што го предизвика отпочнувањето на војната. Во духот на овие случувања, ќе ја цитираме канадската историчарката Маргарет МекМилан со нејзиниот есеј објавен минатиот декември од Институтот Брукингс.

„Доколку не можеме да утврдиме како еден од најголемите конфликти во историјата се случил, како тогаш да се надеваме дека во иднина ќе избегнеме таква катастрофа“, напиша таа.

Доколку се погледне состојбата во која се наоѓа светот денес, десетиците милиони раселени поради конфликти, последните недолични обиди за прецртување на границите во Европа како и двоумењата за принципите и владеењето врз кои се базира актуелниот светски поредок, Блискиот исток, континуираното етничко-националистичко однесување на балканскиот регион или употребувањето на модерната технологија за ширење на говор на омраза и фанатизам, причината за загриженост е реална.

На пример, кој би помислил дека како што се наближува 40 годишнината од потпишувањето на Хелсиншкиот завршен акт, имајќи го во предвид општото расположение во Европа, може да се претпостави дека неговото потпишување денес ќе беше невозможно. Сепак, Хелсиншкиот завршен акт, потпишан на 1-ви август 1975 во екот на Студената војна беше вистинска магна карта на попуштање. Тоа не беше само договор што ги уредуваше односите помеѓу државите, туку беше, исто така, и договор за слобода на народите и поединците. Договорот донесе надеж за безброј поединци и народи кои страдаа од обесправеност и негирање на човековите права.

Дури и основните демократски вредности и принципи врз кој се основа процесот на европска интеграција по Втората Светска Војна се под знак прашалник од екстремистички и популистички елементи кои бараат враќање на националистичката и секташка политика која што предизвика толку многу штета во минатото. Последните избори за Европскиот Парламент на кои поддршка добија екстремистичките елементи претставуваат сериозно предупредување за Европа и за огромното мнозинство кои веруваат во проектот за европска интеграција да не бидат рамнодушни, туку да го возвратат ударот против историската амнезија која што очигледно ја имаат овие групи. Благодарение на храброста и лидерството на основоположниците кои веруваа во создавањето на нов поредок – заедница на народи и луѓе, кои заеднички ќе го направат минато од војувањето, Европа и светот се сведоци на најуспешниот мировен проект досега. Нобеловата награда за мир доделена на Европа во 2012, беше реално признание за ова извонредно достигнување. Со проширувањето на границите на мирот и безбедноста во кои се вклучени 28 земји-членки, ЕУ на граѓаните им донесе огромна корист. Но, како што се обидува гласот на популизмот да ги уништи овие основи, Европската унија треба да работи многу понапорно со цел да покаже дека интегративниот процес е значаен и витален за континуиран мир и просперитет во Европа.

Неуспехот да се возврати ударот на популизмот и екстремистичките елементи кои добиваат простор во неколку земји-членки на ЕУ ќе додаде гориво на етно-националистичките политики кои се уште преовладуваат во некои балкански земји, слични на оние што постоеја пред повеќе од 100 години. Промислените тактики на овие балкански лидери да ја ре-интерпретираат и манипулираат историјата со цел да одговараат на тесните националистички агенди додека го возвишуваат етничкиот идентитет на начин што ги продлабочува поделбите наместо да го промовираат толку потребното помирување помеѓу различните етнички заедници, причинува огромна штета, особено помеѓу помладата генерација, од која поголем дел е невработена. Изгледа како овие лидери да ја предизвикуваат судбината, чекајќи историјата да се повтори. Додека го одбележува минатото и рефлектира кобниот истрел во Сараево, Европската унија би направила огромна грешка, доколку ги игнорира денешните состојби што и се случуваат на самиот праг. Време е Европската унија да покаже храброст и лидерство. Потребно е на жесток начин да покаже дека се што е постигнато од нејзиното создавање не е залудно; дека е се уште светилка на надеж за земјите од најблиското опкружување што чекаат да и се приклучат, а за останатиот дел од светот пример за мировно решавање на конфликти и помирување. Ова е најдобар начин да им се оддаде почит на милионите кои ја дадоа најголемата жртва на бојното поле. Со тоа, исто така, ќе се обезбеди и тоа посебно место што треба Европа да го достигне, а за кое говореше ирскиот нобеловец Шејмс Хини „кога надежта и историјата се римуваат“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.