Published: Friday, July 4, 2014 15:25
Ситуацијата со протестот на Бит Пазар се уште е тензична. Полицијата и толпата се судрија на раскрсницата пред поликлиниката на Бит Пазар, јавува репортерката на НОВА, Сашка Цветковска.
Камерата на НОВА регистрира двајца повредени полицијаци, но можно е да има повеќе.

Полицијата употребува солзавец, водени топови и шок бомби. Атмосферата е застрашувачка, пукотници се слушаат на сите страни, Бит Пазар е како бојно поле.

Репортерката на НОВА Сашка Цветковска јавува дека во моментот толпата се наоѓа пред џамијата на Јаја Паша и започнува да се движи по улицата Цветан Димов, кон населбата Чаир.




