Нов вид на туберкулоза “целосно отпорен на лекови“ е откриен во Јужна Африка и се шири во големи размери.
Лекарите предупредуваат дека доколку веднаш не се превземат заштитни мерки како би се спречило ширењето, светот може да се најде на работ на ширење на смртоносната и практично неизлечива туберкулоза.
Од Јужна Африк пристигнуваат извештаи дека низ болниците владее бактериска инфекција на белите дробови и зафаќа се поголем број од пациентите.
Јужна Африка е особено погодна за ширење на зарази поради големиот број на ХИВ позитивни, со што голем број на луѓе се подложни на инфекции.
Од март 2010 година, СЗО предупредува дека во некои делови од светот секој четврти случај на туберкулоза е болест која не може да се лечи со нормална терапија.
Лекарите се многу загрижени со оглед на тоа дека болеста се шири со кивање и кашлање, како и обичното дишење.
Д-р Убиства Наиду, кој ги лечи заболените од туберкулоза во Кејп Таун во Јужна Африка, и сам бил заразен од оваа опасна болест. Во текот на лекувањето на болните и тој се заразил со бактеријата отпорна на лекови.
„За неколку месеци изгубив 13 кг. Наодите покажуваа дека моето десно белодробно крило е исполнето со вода. Бев близу смртта”, вели лекарот.
За да се излечи, користел коктел од многу јаки лекови, но поради тоа заболел од Стивенс-Џонсон синдром, кој доведува до одвојување на слоевите кожа и до крварење од очите.
„Ако туберкулозата не ве убие, лековите ќе го сторат тоа”, додава Аниду, кој сепак по три години лечење успеал да се опорави, меѓутоа болеста оставила белези на неговите белодробни крила.