Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни 14.783 случаи на ковид-19: Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ

0
By Sashko on February 2, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 2, 2022 08:03

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата.

Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на ковид-19.

„За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните“, информираа вчера од Влада.

Професор доктор Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата за заразни болести, а доктор Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол. На првиот состанок отвориле многу прашања, меѓу кои и скринингот на учениците во средните и основните училишта, што се размислува да се прави со брзи тестови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 270.897. Оздравени се 247.670 лица, а починале 8.444. Бројот на активни случаи изнесува 14.783.

Министерот за здравство Бекил Сали вчера на прес-конференцијата соопшти дека во новиот состав на Комисијата се и: д-р Христина Ставридис од Институт за јавно здравје (ИЈЗ), доц. д-р Шабан Мехмети од ИЈЗ, проф. д-р Калина Гривчева Старделова од Клиниката за гастроентерохепатологија, а воедно и координатор на Интерни клиники, проф. д-р Невзат Елези од Медицински факултет при Универзитетот во Тетово, д-р Дугаџин Османи од ИЈЗ, прим. д-р Жарко Караџовски од ИЈЗ, д-р Иринка Сотирова Бухова од ДЗСИ, проф. д-р Катерина Ставриќ од Клиниката за детски болести, д-р Милена Стевановиќ, д-р Звонко Миленковиќ, д-р Фадил Цана и Илир Демири од Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести, д-р Марија Димзова научен соработник на Инфективната клиника, д-р Виктор Исјановски од Здравствен дом Скопје, д-р Лилјана Деспотовска Ристовска од ДЗСИ, проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, д-р Арбен Лабиништа од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Марија Дуганова од ГОБ „8 Септември“, прим. д-р Сузана Маневска од Министерството за здравство, прим. д-р Јованка Костовска, специјалист епидемиолог, д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Драган Георгиевски, претставник на Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина, Грета Николовска, претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

„Отсега па натаму Комисијата ќе се состанува на редовни неделни состаноци секој вторник, а по потреба и почесто. Претседателот на Комисијата ќе ги одржува редовните состаноци, по потреба министерот за здравство ќе биде присутен на Комисијата и барам од сите новинари да бидат во постојан контакт со д-р Злате Мехмедовиќ“, додаде министерот Сали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.