По судирот помеѓу демонстрантите и полицијата, тројца повредени демонстранти се хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“, меѓу кои е и 16- годишно дете, кое има тешка повреда на стопалото и скршница на ногата. Во моментов го оперира лекарски тим, потврди за НОВА раководството на болницата.
-Момчето е тешко повредено, но не е во животна опасност. Во моментот, лекарски тип го оперира, изјави за НОВА, Сашо Стојчев директор на болницата.
Другите двајца демонстранти имаат шрапнели по рамениците и телото и се вон животна опасност.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски претходно, на прес- конференцијата одржана веднаш по протестите кај Бит- пазар соопшти дека 20 полицајци се повредени, со тешки телесни повреди, но и дека не се во животна опасност.
Директорката на Градска болница Јасмина Чабуковска одби да даде информации за повредите на полицајците и не упати за сите детали да се обратиме во МВР.