Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За бесот кој експлодира низ улиците

0
By Нова ТВ on July 5, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 5, 2014 15:12

Пишува: Ѓакуш Кабаши

Добрата вест е што Зајас и Тетово останаа нечепнати. Лошата вест е што со вакво ниво на институционална недоверба и невработени млади, петочните сцени ќе се повторуваат.

Институции во кои никој нема доверба

Слични протести сме виделе и порано, тие ќе зачестат без длабоки општествени и економски промени. Причини има многу, почнувајќи од социјалното угнетување, тероризмот на партиските банди, немањето еднаков пристап до државните ресурси, се до недовербата во институциите – особено во судството.

Во вакви околности, кога ниту Македонците како мнозинство не им веруваат на институциите и со сите критики за нивното крајно политизирање, никој не може да ги обвини Албанците за недовербата кон судските одлуки. Фактот што албанските политичари молчат кога неправдата се крши врз туѓ грб, само ја покажува нивната искреност за градење правна држава, но и брзото заборавање на преживеаните трауми од екс-Југославија.

Судот им пресуди на обвинетите за убиствата во Смилковци две години откога истите беа прогласени за виновни од МВР – во мигот кога беа уапсени под акцијата наречена „Монструм”. Со затворен судски процес, тешко дека ќе се дознае вистината, слично како и за многу други случаи во минатото.

Раштански лозја како преседан

Недовербата во судскиот систем, особено кога се поврзува со „радикалниот ислам” не е нов феномен, туку датира од март 2002, кога шест Пакистанци и еден Индиец беа егзекутирани од полицијата во близина на Скопје. По неколку часа, тогашниот Министер за внатрешни работи се појави пред американската амбасада, за да им изјави на медиумите дека опасна група на „Ал каеда” била ликвидирана во престрелка, спречувајќи ги во планот да ги нападнат западните амбасади во Скопје (американската, британската и германската).

Сето ова се случуваше по нападите на 11 септември, кога ситуацијата беше мошне осетлива. Во меѓувреме, низ целиот регион се засилуваат екстремните струи и малку е веројатно дека играта со верските чувства ќе ја стави ситуацијата под контрола. Екстремизмот расте и радикализмот на едната страна ќе создаде спротивен ефект на другата, секогаш со партиски амин.

Дванаесет години подоцна, убиствата во Раштански лозја остануваат нерасветлени. Тоа што првично беше замислено како доказ за западната ориентација во клучните мигови за американските сојузници, заврши со дебакл. „Жртвите беа илегални мигранти убиени од полицијата, која им монтирала оружје и униформи на УЧК за да ги престави како сомнителни”, пишуваше во извештајот на американскиот Стејт Департмент за 2003 година. Овој извештај најверојатно ќе остане како единствен релевантен заклучок, во недостиг на институционален епилог за случајот.

Стабилно, но со постојани тензии

Без судство кое ужива доверба и дели правда, без слободни медиуми кои информираат реално и без авторитети кои имаат влијание и поттикнуваат вистински промени – Македонија ќе се соочува се почесто со вакви експлозии на акумулиран бес.

Граѓаните на Македонија и меѓународниот фактор воопшто не треба да се плашат од нова војна. Нема да има нова војна. Разочарани од многуте поранешни борци кои го исцедија своето искуство за тендери и профит, тешко дека некој ќе отиде пак в планина. Она што е најважно, интра етничките и социјалните тензии се далеку поголеми од проблемите меѓу различните етнички групи, кои имаат малку контакти меѓу себе.

Сепак, тоа што нема да има отворена војна не значи дека ќе има постојан мир, туку само кршливо статус кво, колку да се владее со манипулирање и дигање тензии. При недостиг на канали за изразување (медиуми, граѓански организации) улицата ќе стане единствен форум.

Како и во случајот со избрканото семејство од Радишани и палењето албански имоти во Ѓорче Петров – политичарите, пратениците и другите претставници на Албанците ја кријат својата неспособност и немоќ со молк. Тие кои пуштаат телеграми дури и кога победува Реал Мадрид, сега ни случајно не им се обраќаат на гласачите или на именуваните функционери кои се водат како етнички чувари во институциите.

Поизгубени од албанските лидери овде се единствено политичарите и аналитичарите Албанци отаде границите, кои немаат поим што се случува . Тие се трошат непотребно со патриотски говори, заборавајќи дека народот тука има многу искуство со продавачите на црвено црна магла. Кога ја критикуваат државата Македонија и полицијата, чудно е како забораваат на нивните пријатели Албанци, кои седат во овдешните фотелји и глас не им се слуша.

Не, одговорноста има конкретна адреса: Албанците, било гласачи или официјални лица кои денес молчат, се соучесници во секоја неправда и како такви, не можат да се амнестираат поради длабокото незнаење.

Превземено од gjakushkabashi.wordpress.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.