НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aктивни ковид случаи во земјава 13 726 , од последните 1500 новорегистрирани 13 отсто се реинфекции

0
By Mirjana on February 6, 2022 ПОЛИТИКА
Светската здравствена организација редовно е ангажирана околу побивањето на митовите поради кои луѓето не веруваат во постоењето на корона-19. „Економист“ во март 2020 година покажа дека 13% од Американците сметаат дека кризата со ковид-19 е измама, а големи 49% сметаат дека епидемијата може да биде вештачка.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 13 726 лица, од кои во последните 24 часа до вчера, регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи, меѓу кои 13 проценти или 195 се реинфекции. Според информациите од Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, од кои три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, а на починати е 8.549.

Косово од вчера ги олесни анти-ковид мерките за влез во земјата и се врати на  претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, или една вакцини, со тоа што треба да се приложи и негативен РТ-ПЦР тест. Со новите мерки, меѓу другото, се скратува полицискиот час, и наместо од 22 како досега, ќе биде од 24 до пет часот наутро. Исто така, се продолжува и работното време на угостителските објекти, наместо до 21.30, до 23 часот и се укинува обврската за носење заштитни маски на отворено.

Литванија ја укина употребата на ковид сертификатите, иако земјата постојано има висока стапка на инфекција. Од вчера нема да мора да се покажува ковид потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично, а укината е и обврската на вработените во одредени занимања, вклучително и здравствениот и образовниот сектор, редовно да се тестираат. Од мерките и натаму останува задолжителното носење маски, дистанцата и дезинфекцијата.

Австријците постари од 18 години од вчера ќе мора да се вакцинираат против КОВИД-19 или ризикуваат висока парична казна – мерка без преседан во Европската унија. Новата мерка, усвоена од Парламентот на 20-ти јануари, беше потпишана вчера од претседателот Александар Ван дер Белен како кулминација на процесот што започна во ноември како резултат на брзото ширење на опцијата Омикрон. Владата одлучи да продолжи да го следи својот нов, построг пристап, и покрај критиките во земјата.

Според податоците од федералните извештаи, вкупниот број Американци кои ги загубиле животите поради Ковид-19 од првиот случај на инфекција во почетокот на 2020 година до овој петок достигна најмалку 904.067, што е повеќе отколку што има жители државата Северна Дакота, пренесува Си-Ен-Ен. Така, САД бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, потоа следат Русија, Бразил и Индија, кои заедно имаат повеќе од 1,8 милиони смртни случаи. Меѓутоа, кога се гледа бројот на смртни случаи од коронавирус по глава на жител, САД се на 20-то место, далеку под Перу и Русија, кои имаат најголем број смртни случаи според тој критериум.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус вчера изјави дека разговарал со кинескиот премиер Ли Кечијанг за потребата од зајакнување на соработката во одредувањето на потеклото на Ковид-19.

-Мило ми е што се сретнав со премиерот Ли Кечијанг. Разговаравме за Ковид-19 и потребата од поголеми напори за да се направи вакцината подостапна, а пристапот кон имунизација поправеден за да можеме да вакцинираме 70 отсто од светското население оваа година, напиша Тедрос на Твитер.

Минатата година, СЗО формираше Научна советодавна група со задача да го утврди потеклото на новите патогени и ја повика Кина да обезбеди необработени податоци за да помогне во истрагата, но Кина одби, повикувајќи се на правилата за приватност на пациентите.

06.02.2022 состојба ковид19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.