Најмалку 60 жени и девојки кои минатиот месец беа грабнати од екстремната исламистичка група Боко Харам во Нигерија, успеале да побегнат од своите грабнувачи, јавува МИА.
Абас Гава од локалниот Одбор за граѓанска самозаштита изјавил дека колегите му соопштиле дека 63 жени се вратиле во своите куќи во петокот вечерта.
Оваа вест е потврдена и од високи безбедносни извори во престолнината на држaвата Борно.
Жените успеале да побегнат кога нивните грабнувачи отишле во борба со војската.
По нападот на бунтовниците во градот Дамбоа, загинале најмалку 50 исламисти.