НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сточарот од Робово, Мачевски утре ќе оди на распит во полиција – разгледува тужба за Анима Мунди поради нарушување на угледот на семејството

0
By Mirjana on February 6, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: Делчево365.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Александар Мачевски, сточарот од село Робово, кого Анима Мунди го обвини дека малтретира животно, врз основа на снимено видео кое сам го поставил на својата фејсбук страна , попладнево преку ФБ потврди дека за утре примил покана да се појави на распит во полициска станица.
Притоа Мачевски најавува дека ќе покрене постапка против Анима Мунди кое му го нарушило угледот со тоа што го претставило за насилник, а тој како што тврди само спроведувал еден традиционален обичај кога се продаваат јагнињата, кој обичај неговото семејство го практикувало од поколение на поколение. Самиот вели одгледува овци и крави од 2006 година и тоа му е семеен бизнис со кој го одгледувал 10 членото семејство.
Foto: Maleshnet.mk
Во зависност од развојот на ситуацијата, тој најави протести во Скопје пред Владата за што имал поддршка од сточарскиот еснаф од Малешевијата но и од другите краишта на земјава.
Како што е веќе познато здружението за заштита на животни Анима Мунди вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно. Побараа итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство  ја осуди и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово.
Инспекторот  бил повикан од сточарот Мачевски како гостин на адетот на кој јагнето се ставало на маса и се пеела песната „Изгубеното јагне“ кое потоа се враќало кај мајкаму . 

Со реакција за случајот се јави министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој рече е згрозен од монструозниот чин на инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, и најави итно постапување и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.

(М.Т.)

полиција Сточарот МАЧЕВСКИ УТРЕ НА РАСПИТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.