Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни 12.324 случаи, од 1.045 новорегистрирани речиси осум отсто се реинфекции

0
By Ivana on February 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 08:42

Активни се 12.324 случаи во државава од кои најголем број 6484 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 4.695 тестови, регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти. Од вкупно 1.045 позитивни, регистрирани се 132 реинфекции.

Потпретседателката и раководител на Одделот за воспаленија и имунолошки истражувања во компанијата „Фајзер“, доктор Елена Пеева, македонка, која 30 години живее и работи во САД во интервју за МИА истакнува дека клиничките и епидемиолошките испитувања недвосмислено покажуваат дека засилувачката вакцина дава подобра заштита за омикрон варијантата отколку една или две дози од вакцините против Ковид-19.

– Засега немам информации за значителни несакани ефекти по примање на засилувачка вакцина на Фајзер кај луѓе кои претходно се имунизирани со други вакцини. Засилувачката доза не мора да биде иста со вакцината која е користена при првичната имунизација. Американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) препорачува дополнителна доза со мРНА вакцина против Ковид-19, односно на Фајзер или Модерна, независно од типот на претходните две дози. Нема податоци за зголемени или нови нус појави кога мРНА засилувачката вакцина се комбинира со претходни дози од различните типови на вакцини, вели д-р Пеева.

Јужна Кореја вчера надмина еден милион случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, а здравствените власти забележаа рекордни 38.691 нови инфекции во моментот на ширење на варијантата Омикрон.

Јужна Кореја го потврди својот прв случај на Ковид-19 на 20 јануари 2020 година и набрзо стана првата земја, покрај Кина, која се соочи со голема епидемија. Агресивната стратегија на следење, употреба на маски и карантин и помогна на Јужна Кореја да го ослабне почетниот бран на инфекција и да го задржи низок бројот на смртни случаи без да воведе целосно затворање. Бројот на нови дневни случаи е речиси петпати поголем од две недели порано кога почна да доминира варијантата Омикрон, но бројот на сериозни инфекции е на подносливо ниво, велат властите.

Официјалните лица во петокот објавија дека ќе ги продолжат мерките за физичко растојание за најмалку уште две недели, вклучувајќи полициски час за деловни активности во 21 часот и ограничување од шест лица за приватни собири. Вкупно, Јужна Кореја забележа 1.009.688 случаи на Ковид-19 и 6.873 смртни случаи. Речиси 86 отсто од населението во земјата со 52 милиони жители е целосно вакцинирано, а повеќе од 54,5 отсто примиле бустер доза.

Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.

– Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува. Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава. Според израелското Министерство за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи. Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.

Светскиот лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на Омикрон варијантата на коронавирусот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.