Владата на Косово повикува на целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и на политички дијалог помеѓу заедниците. Реакцијата на Владата на Косово, по насилните настани што се случија изминатите денови во Македонија, беше пренесена преку соопштение за печат. „Почитувањето на фундаменталните, уставни и институционални права е единствен начин за избегнување на ескалација на насилството, што може да има тешки последици за целиот регион„, се нагласува во соопштението. Во соопштението, понатаму се вели:„албанскиот народ во Македонија, има свои претставници, избрани на демократски начин, чија обврска е на институционален начин да се справат со проблемите и грижите на Албанците“. На крајот на соопштението, Владата на Косово, ги повикува сите засегнати страни во Македонија, на зрелост и изнаоѓање решение преку заеднички дијалог.




