Само два члена од законот за високо образование ја загрозуваат автономијата на универзитетите – оценија денеска уставните судии и изгласаа покренување иницијатива за испитување на уставноста.
Иако судијата известител предложи да испитаат шест члена од 19-те оспорени во двете иницијативи на професори и членови на универзитетскиот сенат.
Ќе се испитува членот кој забранува професорот- ментор на докторски труд да стане член во комисијата која потоа ќе го оценува трудот и членот од законот кој наложува претседавачот на одборот на универзитетот да го назначува владата.
Членовите за кои нема да се испитува уставноста предвидуваат извршната власт да има влијание врз финансиската автономија со законско определување како ќе се трошат парите од студентската партиципација, во кадровската автономија – државата ги одредува условите за напредување на професорите и во организационата автономија со надворешното оценување на универзитетите.
Новите измени во Законот за високо образование од пред неколку седмици предвидуваат министерството да одредува студиски програми, предмети и учебници за настава.