На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. Притоа, биле откриени и санкционирани 30 пешаци (Охрид-14, Струга-11, Кичево-04, Дебар-01) кои поминале коловоз вон пешачки премин. Полициските службеници во Струга упатиле еден автобус на вонреден технички преглед, при што биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање.