НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паднат прозорец во Хируршките сали, шест дена опасност за пациентите

0
By Менче Атанасова Точи on July 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стакло од прозорец паднало во ходникот на Хирушките клиники во петокот дознава НОВА од лекарски извори на клиниките. Прозорецот цели шест дена стои паднат и нема кој да го поправи, а во ходникот кој е климатизиран влегува топол воздух, тврдат нашите извори. Она што е застрашувачки, низ прозорецот влегуваат бактерии и спори кои се шират низ ходникот и влегуваат во хируршките сали, каде што мора да има стерилни услови за да се оперираат пациенти. Ходникот е заеднички за сите 16 операциони сали и веќе шест дена преставува опасност, не само за пациентите туку и за вработените, а ја нарушува работата на хирурзите.

-Добро е што при паѓањето прозорецот не паднал врз некого бидејќи можело да загине. Прозорецот се уште стои така, нема кој да даде наредба да се поправи. Освен топол воздух кој смета во работењето, во хируршките сали влегуваат и бактерии, со што пациентите се изложени на ризик, велат револтирано за НОВА лекари кои утринава оперирале во хируршките сали.

Лекарите објаснуваат дека одкога се подели Клиничкиот центар на посебни единици, не се знае кој стопанисува со објектот. Бидејќи станува збор за ходник кој е заеднички на сите Хируршки клиники, очигледно нема одговорен кој ќе го санира дефектот.

Освен ова, лекарите се жалат дека заедничките делови на зградите кои не се одржуваат, а паркот и паркингот се претворени во „музеј на ѓубре и нечистотија“. За овој проблем очигледно нема кој да се грижи.

И додека министерот Тодоров ќе ги учи лекарите и медицинските сестри како да се облекуваат, еве како медицинскиот персонал се однесува со униформите по излегување од операциона сала. Ова е машката гардероба на Хируршките сали, каде очигледно не важат правилата на Тодоров.

НОВА се обиде да го добие последниот координатор на Хируршките клиники, кој беше поставен во време на екс министерот Бујар Османи, за да прашаме кој сега е одговорен за заедничкиот простор на овие клиники но, и тој беше во операциона сала каде оперираше пациенти во ново настанатата ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.