Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН потврди дека има бегалци

0
By Нова ТВ on July 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 9, 2014 13:59

Претставништвото на ОН за бегалци во Руската Федерација вчера за „Руска реч на македонски“ ги потврди податоците на Федералната миграциска служба за ситуацијата со населението од Украина: околу половина милион граѓани од земјата избегале од воените дејствија на југоистокот од земјата во Русија.

Како што изјави советникот за информации на претставништвото на Управата на врховниот комесар на ОН за бегалци Галина Негрустоева, податоците на претставништвото на Обединетите Нации во Русија не се разликуваат од оние на Федералната миграциска служба.

„Нашите соработници отпатуваа во пограничните делови, ние видовме сè со свои очи, така што немаме причина да не им веруваме на информациите на миграциската служба на Русија“, изјави за „Руска реч на македонски“ советникот за информации. Според Негрустоева, во моментот во Русија живеат околу 1.8 милиони државјани на Украина, а меѓу нив 480 илјади лица се дојдени од регионите на воени дејствија.

Поголемиот дел од државјаните на Украина засега не се обраќале во Федералната миграциска служба за добивање официјален статус на бегалци. Дел од луѓето се сместени во привремените логори во блиските региони, а дел заминале кај своите роднини и пријатели на територијата на Русија.

„На пограничната територија на Русија во моментов се наоѓаат 414.726 лица. Исто така 20.461 лице веќе имаат побарано привремен азил, и оваа бројка ќе расте, а добиените статуси ќе се менуваат“, изјави заменик-раководителот на Федералната миграциска служба на Русија Анатолиј Кузнецов во понеделникот на седницата на Граѓанската комора на Руската Федерација.

Државјаните на Украина можат слободно да се наоѓаат на територијата на Русија во рок од 90 дена, а потоа мораат да се вратат во својата татковина или да добијат дозвола за престој преку Федералната миграциска служба. Како што забележа Кузнецов, мошне е популарна програмата за доброволна преселба на сонародниците.

„Од почетокот на граѓанската војна оваа можност е покачена за пет пати. Државјани на Украина кои сакаат да добијат руско државјанство има седум пати повеќе, а такви што сакаат да добија привремен престој – четири пати повеќе. Главно на соработниците на Федералната миграциска служба им се обраќаат жители од Донецката, Луганската и Днепропетровската област“, вели претставник на миграциската служба.
Информациите што доаѓаат од оваа служба велат дека приемот на граѓани е организиран во десетици региони на Руската Федерација. Во некои од нив поради големиот наплив на бегалци објавена е вонредна состојба.

Според информациите на Министерството за вонредни состојби на Русија, за прием на украинските државјани функционираат 300 пункта за привремен престој на бегалците.

Погрешната страна на војната

Во исто време , директорот на автономната некомерцијална организација „Московско биро за помош во заштитата на правата на човекот“ Александар Брод забележува дека во моментов официјално барање за добивање статус на бегалец имаат поднесено само 1.300 лица. Според него, олку нискиот број е показател на нискиот степен на правната писменост на граѓаните што ја минуваат границата.

„Сега е многу полесно да се добие статус на бегалец, за тоа се потребни три месеци. Процедурата е поедноставена специјално за оние кои доаѓаат од зоните на конфликт. Статусот на бегалец овозможува добивање бенефиции, користење социјални услуги и добивање можност за работа. Се доделува статус на една година, кој потоа може да биде продолжен“, вели Брод.

Според него, додека барањата се разгледуваат, луѓето ќе можат да добијат работа преку мобилните служби за вработување, кои работат во пограничните региони.

„Бегалците ќе можат брзо да добијат место во угостителската дејност – готвачи, работници во кујна. Исто така се потребни и градежници. Платите за овие специјалности за државјаните на Украина не се разликуваат од оние за месните жители и достигнуваат до 40 илјади рубли (900 евра)“, вели претставникот на службата за вработување Жана Денискина.

Како што изјави шефот на администрацијата на претседателот на Руската Федерација Сергеј Иванов, во блиска иднина бегалците од Украина кои решиле да останат во Русија, ќе можат да сметаат и на финансиска помош. Средствата за вдомување на ново место тие ќе ги добијат преку федералната програма за доброволно преселување на сонародниците, во која е решено да се приклучи Ростовската област која се наоѓа на границата со Украина и најблискиот Ставропољски крај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.