Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Овие протести се производ на верски радикални елементи

0
By Нова ТВ on July 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 9, 2014 15:05

Охридскиот рамковен договор е составен дел од Уставот на Република Македонија. Посветеноста кон него се огледа и преку фактот што неговото спроведување и развивањето на мултиетничкото општество се стратешки определби во програмата на Владата на Република Македонија и во негова имплементација се спроведуваат бројни и континуирани мерки активности од страна на институциите, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со сериозност гледа на изјавата на албанскиот Премиер, која цениме дека е резултат повеќе на недоволна информираност за случувањата, отколку за некоја неконструктивна намера.

– Охридскиот рамковен договор и одржувањето на добри меѓуетнички односи продолжуваат да бидат еден од приоритетите на нашата партија, а дијалогот за сите отворени прашања средство за решавање на предизвиците.

– Притоа секако, посветеност и почитување на Уставот, законите и институциите во државата, затоа што само на тој начин може да се обезбеди функционирање на правната држава како гаранти за обезбедување на право и правда.

– Радикалните протести кои се случуваат деновиве во Република Македонија, немаат никаква поврзаност со Охридскиот рамковен договор, ниту пак со меѓуетничките односи, туку напротив организаторите на овие протести, ја кријат својата радикална агенда зад параванот на меѓуетнички односи, сакајќи притоа да направат забуна и да мобилизираат повеќе приврзаници, затоа што се свесни дека по друг основ, освен тоа да лажат дека се обесправени и дека им се загрозени правата на Албанците, за нивната агенда тие нема да може да наидат на било каква поддршка од никого. Тоа не може да им помине, затоа што оваа ситуација нема никаква врска со тоа што тие што го организираат ова, сакаат да го наметнат, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Овие протести се мотивирани и се производ на верски радикални елементи, кои се спротивставуваат на пресуда на независен суд за сторено кривично дело свирепо убиство на пет лица, од кои четворица малолетници.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува и не се согласува со секој обид на овие протести да се даде етничка или меѓуетничка конотација, и го осудува и не се согласува со секој обид
верските радикални елементи да се затскријат зад етничката димензија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.