НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се вжешти линијата 112: Скопјани упатија дури 250 повици за неколку часа, бараа помош за колапси, сообраќајки

0
By НОВА ТВ Balaban on February 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, за жал, имавме и доста злонамерни повици – со молчење од другата страна или ќе кажат нешто што нема врска со барање помош или пак, нешто недолично. Токму поради вакви јавувања, постои и „црна листа“ за  сите коишто ќе се обидат да ја злоупотребат оваа линија, вели за НОВАТВ, Владимир Зафирковски, одговорен на смена во 112 

„Ало, студент колабираше во домот „Гоце Делчев“, се случи сообраќајка во Ѓорче, постар маж скрши рака, помогнете“!, ова се само дел од јавувањата на над 250 граѓани коишто го повикале новиот број 112 за итни случаи. 

Оваа линија 112 почна да функционира денеска во Центарот за управување со кризи, каде петмина оператори во кол центарот одговараат на повиците на граѓаните коишто имаат потреба од итна помош при незгоди. Првите десетина дена, додека се тестира, линијата ќе биде достапна само на територијата на главниот град Скопје. Како за сефте, уште на првиот ден, имало, за жал, и злонамерни, но и повици по грешка. 

– За само неколку часа имавме 250 повици, а дел од нив беа упатени за Итната  медицинска помош – за граѓани на кои им се влошила здравствената состојба, или еве дека колабирал студент во домот „Гоце Делчев“, но имаше повик и за сообраќајка во Ѓорче Петров, во којашто граѓанин ја скршил подлактицата. Интервениравме во сите овие случаи така што им земаме податоци на граѓаните и веднаш ги известуваме Службата за итна медицинска помош, но и МВР и Противпожарната бригада, доколку треба. Денеска, за жал,  имавме и доста злонамерни повици – со молчење од другата страна или ќе кажат нешто што нема врска со барање помош или пак, нешто недолично, вели за НОВАТВ, Владимир Зафирковски, одговорен на смена во 112.

Има и „црна листа“ за злонамерни јавувања со 24-часовна или подолга блокада! 

Тој нагласува дека токму поради вакви јавувања, постои и „црна листа“ за  сите коишто ќе се обидат да ја злоупотребат оваа линија.

– Граѓаните треба да знаат дека системот 112 снима сѐ, секој збор, а имаме и автоматска локација на повикот, веднаш знаеме од каде лицето се јавува. Па доколку некој е злонамерен, пцуе или не одговара на телефон, а ја држи линијата на којашто можеби чека некој итен случај, имаме можност 24 часа, но и подолго, да го ставиме на оваа „црна листа“ граѓанинот кој ја злоупотребува линијата. Ако некој претера со навреди, не е исклучено и судски спорови да има. Но бидејќи истиот тој утре можеби ќе има потреба од нас, па затоа по овој рок, следува одблокирање – вели Зафирковски.

Тој додава дека бидејќи има и дечиња кои и без сим картичка во телефонот имаат можност да им се јават, па и ова системски мора да го решат.

– Најверојатно, оние без сим карта ќе треба да ги оневозможиме да ни се јават, за да се намалат евентуалните злоупотреби. Целта на линијата е прво да се класифицира за каков тип на повик, односно итен случај, станува збор – дали е сообраќајка, пожар, грабеж, животозагрозувачка состојба. Системот ни детектира и други работи – има и прашалници, ако е повикот за итна помош, прашуваме „дише ли лицето “, „дали е повредено“ и уште две три важни работи кои мора да ги знаеме, ние тие не ги измислуваме… Ако е итен случај во прашање, го препраќаме во системот и ги бараме службите на 192, 193 и 194, а може и сите да бидеме во системот за први, итни инструкции. Ако е сообраќајка, на пример, и има и заглавени луѓе во возилата, сите ги известуваме преку нашиот систем – Итната помош, полицијата и противпожарната служба. Тие веднаш ја гледаат и локацијата и може веднаш да интервенираат, додава Зафирковски.

Тој и неговите колеги, „кол тејкери“, работат под менторство на тројца експерти од Италија, кои ќе бидат тука во наредните 3-4 недели додека не се дотера целиот систем, кој, како за почеток, пројавува и некои мали слабости. 

Има опција и за ВИП личности

Во системот на линијата 112 има и опција за ВИП личности. За тоа какво  предност ќе имаат овие лица, објаснува Зафирковски.

– Така е конципиран системот, на пример, лица како премиер, министри, амбасадори, може со одобрение  да бидат внесени како ВИП личности и кога тие ќе се јават на бројот 112, системот ќе им даде предност на повикот. На пример, бројот на ВИП личноста ќе биде отчитан (препознаен) од системот и ќе го исфрли тој повик како приоритетен во редот за чекање. Ако има 30 повици, системот ќе предупреди за прво да биде одговорено на повик од овие личности, кои сигурно нема да се јавуваат за неважни работи на овој број. Во тоа тие би имале предност. Инаку целиот овој систем е конципиран по урнек на италијанскиот, со тоа што е прилагоден на нашите услови. Граѓаните секако ќе треба низ кампања да се запознаат за што се можат да се јавуваат на бројот 112 за итни случаи, додава Зафирковски. 

Љубица Балабан

Владимир Зафирковски Итна помош линија 112 незгоди петмина оператори Центарот за управување со кризи црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.