Струшката полиција потврди дека вчера било опожарено возилото на братот на пратеникот Јован Јаулески.
Полицијата вели дека вчера во 21.45 часот во ОВР Струга било пријавено дека е опожарено патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(36) од Струга.
„Повредени лица нема, a пожарот е изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга. Увид извршија полициски екипи од ОВР Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.