Пратеникот Дарко Каевски кој денеска повика на одговорност и оставки на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, после признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“ беше попречуван од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски да ја одржи прес конференцијата пред седиштето на опозициската партија.
Каевски го игнорираше упадот на Стоилковски и како што објавивме претходно, успеа да ги испрати сите пораки и барања за политичка одговорност на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите кај граѓаните.