НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никогаш да не ни се случат трагедии како во Ласкарци – три години тага и болка за загубените животи

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегација од општина Гостивар, преживеани, роднини и пријатели на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи на денешен ден во 20219 година дојдоа во село Ласкарци.

На местото каде што падна автобусот, со минута молк и цвеќе беше оддадена почит на починатите и беше порачано вакви трагедии никогаш да не се повторат.

 – 13 февруари и по три години е ден жалост и еден од најтрагичните денови во општина Гостивар. Покрај роднините и најблиските на загинатите со нас денес се и патници кои беа повредени во оваа несреќа. Сите ние посакуваме, никогаш да не си случат вакви трагедии. Во оваа прилика сакам да искажам уште еднаш голема благодарност до жителите на Ласкарци кои први притекнале во помош и помагаа во спасувањето на повредените, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Одбележувањето на трагичниот настан ќе биде заокружено со комеморативен собир на градскиот плоштад во Гостивар, каде во 17:45 ќе бидат вклучени 16 рефлекторски светла насочени кон небо.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс, на 13 февруари во 2019 година во 16:15 часот тргна на редовна линија кон Гостивар од скопската автобуска станица. Во автобусот имаше 51 патник. По половина час возење, губи контрола и од излета од коловозот преминувајќи го автопатот, за на крај да се преврти и падне на локалниот пат кај селото Ласкарци

Во несреќата животите ги загубија; Ерза Османи, Арсе Арсоски, Ферди Касо, Дејан Ристоски, Бесим Фетаи, Трпана Јаневска, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бобан Аврамовски, и Павле Костоски.

За овој случај во тек е судски процес во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети се шест лица за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За да заврши судењето, се чека на супервештачење, за да биде комплетирана доказната постапка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.