Македонија беше заборавена како tera incognita, но со последните случувања повторно ќе го сврти вниманието на меѓународната заедница и ќе се види кој пали пожари, а кој гаси во Македонија, а кој се прави дека пали, вели во Студио на НОВА, Владимир Милчин, првиот човек на фондацијата Отворено општество.
Постои опасност, смета Милчин, невладините да завршат како странски агенти по рецептот на Путин. Според него, Груевски не го загрижува губењето на ЕУ препораката.