НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен повик до високообразовните установи „Предлози за образовни активности за медиумска и информациска писменост“

0
By Ivana on February 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, Иинститутот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС ги покануваат сите универзитети и акредитирани високообразовни институции кои се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија да достават предлози за вклучување на медиумската писменост во нивните студиски програми и во други академски активности, соопшти ИКС.

– Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере создавањето на информациите, и улогата и функцијата на медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, напливот на дезинформации и „инфодемијата“, се наметнува потреба од нови вештини и знаења за разбирање на шаблоните на креирање медиумски содржини и информации, наведуваат од Институтот.

Во насока на справување со овие предизвици, Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС го објавуваат овој повик со цел да ги подготват идните лидери во заедницата да се справуваат поефективно и одговорно со предизвиците на информатичкото општество.

Право на учество имаат сите јавни, јавно-приватни и приватни високообразовни институции во Република Северна Македонија што се официјално регистрирани и акредитирани од Министерството за образование и наука. Предност ќе имаат универзитетите и факултетите чии студиски програми се од областа на медиумите, комуникациите, образовните и информатичките науки.

– Кандидатите треба да предложат активности за унапредување и вклучување на медиумска писменост во рамки на редовните студиски програми и истражувачка дејност. Под „медиумска писменост“ се подразбира унифицираната дефиниција на Експертската група за медиумска писменост, која „се однесува на сите технички, когнитивни, општествени, граѓански и креативни капацитети кои што ни овозможуваат да им пристапиме и да имаме критичко разбирање и интеракција со медиумите“. Предложените активности треба да целат кон развивање вештини кај студентите за пристап до различни форми на медиумски содржини, способност за критичка анализа на медиумска содржина, како и вештини за продукција на медиумски содржини, наведуваат од Институот за комуникациски студии.

Оттаму ги посочуваат активностите што можат да бидат финансирани, иако листата не е конечна: Развој на курикулум за изборни предмети за медиумска писменост и/или справување со дезинформации и план за вметнување на овие предмети во наставните програми. Организација и спроведување на воннаставни активности за медиумска писменост (кратки курсеви, летни/зимски школи и сл. активности) со предвидено стекнување на одреден број ЕКТС.

Избраните кандидати ќе добијат грантови во висина од најмногу 8.500 американски долари за спроведување на предложените активности.

Апликацијата треба да ја земе предвид вклученоста на студентските тела и на дипломираните студенти во сите активности. Сите активности треба да бидат спроведени почнувајќи од академската 2022/2023 година. Крајниот рок за аплицирање е 1 март 2022 година. Селекцијата ќе биде спроведена најдоцна до 15 март 2022 година.

– Во рамките на овој повик ќе бидат селектирани најмногу 2 (два) предлози. Повикот се објавува во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост,  „Младите размислуваат“, кој го спроведува ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на „Младите размислуваат“ се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), се вели во соопштението. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.