Гоце Делчев е основоположник на македонската национална борба и неговите идеали практично се реализирани со независна македонска држава во која ние денес живееме и која е членка на НАТО и на чекор е од отпочнување на преговори со ЕУ, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Телевизија Сител.
Ковачевски истакна дека Делчев е дел од македонската химна, дека неговите мошти се во Скопје и дека неговото дело не треба да се сведува на декларации.
„Доколку ја погледнете во суштина таа Декларација, таа прави само одбележување, некаква форма на одбележување која е работа на институтот за национална историја. Втора работа, таа е направена само од политикантск и и дневно – политички причини да може опозицијата да има тема за која ќе разговара, тема со која ќе ги попречува разговорите и тема со која ќе креира атмосфера на недоверба како што ја имавме во годината што измина. Видовме дека таа декларација ниту една партија во парламентот не ја поддржа“ порача Ковачевски додавајќи дека во последниот период преку работните групи помеѓу двете влади на Северна Македонија и Бугарија, и другите институции од реалниот сектор, се гради една атмосфера на доверба меѓу двете држави и меѓу граѓаните на двете држави.
Според Ковачевски, разговорите со Бугарија за политичките прашања од наша страна се водат во духот на европските вредности, при што за идентитетските прашања на македонскиот народ не се разговара, додавајќи дека ние сме македонски народ кој зборува македонски јазик, што е запишано во нашиот устав.
Република Бугарија, вели Ковачевски, е прва држава која ја има признаено нашата држава како таква.
– Во однос на другите прашања кои се разговараат, нормално кога ќе има напредок и кога ќе се дојде до решение кое е прифатливо тоа ќе се сподели со јавноста, но и со институциите коишто ќе бидат задолжени за одобрување на едно такво решение, рече Ковачевски во интервју за Сител, нагласувајќи дека сите разговори кои се водат со Бугарија најтранспарентно се споделуваат со јавноста.
Декларацијата, според него, е направена само од политикантски и дневнополитички причини за да може опозицијата да има тема со која „ќе ги попречува разговорите“. Додава дека таа декларација не била поддржана од ниту една партија во Парламентот.
– Доколку ја погледнете во суштина таа Декларација, таа прави само одбележување, некаква форма на одбележување која е работа на институтот за национална историја. Втора работа, таа е направена само од политикантски и и дневнополитички причини да може опозицијата да има тема за која ќе разговара, тема со која ќе ги попречува разговорите и тема со која ќе креира атмосфера на недоверба како што ја имавме во годината што измина. Видовме дека таа декларација ниту една партија во парламентот не ја поддржа, порача Ковачевски.